Бетмен и Џулија Робертс ќе добијат ѕвезда на холивудската Патека на славните

Холивудската трговска комора објави список на 35 славни личности, од светот на филмот, музиката, телевизијата, теаарот и радијата ќе добијат своја ѕвезда на Патеката на славните идната година.

Меѓу тие имиња се и Бетмен, Џулија Робертс, Спајк Ли и Крис Хемсворт, пишуваат американските медиуми. Во категоријата филм, добитникот на Оскар е американскиот актер и рапер Махершала Али и актерката Октавија Спенсер, а ликот на суперхеројот Бетмен е меѓу оние кои ќе ја има честа името да му биде врежано на холивудската Патека на славните.

Во списокот во категорија на телевизија е и ѕвездата од серијата „Брачни води“, Кристина Еплгејт, Тери Крус од серијата „Бруклин 99“, како и член од жирито од „Поп Идол“ Најџел Литго.

Од светот на музиката своја ѕвезда ќе добие шефот на Universal Music Сер Луцијан Грејнџ, рок ѕвездата Елвис Костело, пејачката Алиша Кис и раперот Кертис Џексон, познат како „Фифти Сент“.

„Препознавме таленти кај 35 уметници кои веќе го изградија своето наследство тука во Холивуд“, изјавил Вин Ди Бон, претставникот на селекциониот одбор.

На списокот меѓу останатите е и американската дизајнерка на филмски костуми Рут Е Картер, актерот Лоренс Фишбурн и англискиот пејач Били Идол. Според податоците на Холивудската трговска комора, Патеката на славните секоја година ја посетуваат милиони туристи.

Scroll to Top