Бившиот сопруг на Меган Маркл (42), Тревор Енгелсон (46), наводно пишува мемоари во кои може да открие непознати детали за нивниот краткотраен брак, пренесува Мирор.
Да потсетиме, пред да се омажи Маркл со принцот Хари, Меган беше во врска шест години, а потоа од 2011 до 2013 година беше во брак со продуцентот Тревор Енгелсон.
Странските медиуми шпекулираат за што би можел да зборува во своите мемоари. Многумина мислат дека Тревор ќе зборува и за самиот крај на бракот, за што Меган ги наведе непомирливите разлики во 2013 година. Актерката наводно му го испратила свршеничкиот прстен на Тревор по пошта, а се верува дека раскинале по нејзината преселба во Канада за „Suits“.
Мирор, исто така, шпекулира дека тоа би можело да потсетува на нивната венчавка во Јамајка, каде што изворите тврдат дека парот на гостите им дал марихуана како подарок за добредојде. Во тоа време, употребата на марихуана беше нелегална во Јамајка.
„Последното нешто што Меган го сака е да се поврзе со било каков вид на нелегална супстанција“, рече изворот.