Британски модел 17 пати ги оперирала градите, па сега се жали дека ѝ се преголеми

Британскиот модел Кејти Прајс се пожали и рече дека е во агонија откако по 17 пат ги оперираше градите. Рече дека сега и биле преголеми и искривени, пишува британски „Сан“.

Откако пред неколку месеци ја прекина врската со свршеникот Карл Вудс, Прајс реши повторно да ги зголеми градите. Иако е горда на нив, сепак и предизвикувале потешкотии.

„Се мачеше со новите гради затоа што и се преголеми за нејзината градба. Постојано се жали на болки во грбот“, откри извор близок до неа и додаде дека со ноќи не спие и не може удобно да седи. Често размислувала дали ја направила вистинската одлука.

„Истите проблеми ги имаше и последниот пат кога вгради големи импланти. Затоа и ги извади во 2016 година. Сега се надеваше дека овој пат ќе биде поинаку“ додаде тој.

Нејзините пријатели мислат дека е само прашање на време кога повторно ќе ги извади. Исто така е убедена дека нејзините гради изгледаат климаво и дека едната ѝ е поголема од другата. Постојано ги гледа фотографиите и ги прашува другите за мислење.

Кејт реши да ги има најголемите гради во Британија кога ја направи 16 операција. Сепак како што вели и нејзиниот пријател, овој експеримент би можел кратко да трае.

Приказната со естетските зафати ја почна во 1998 година, кога првпат направи операција за да ги зголеми градите. Уште еднаш ги зголеми во 1999 година, кога беше позната како Џордан. Тогаш дојде до големина 32D(FRA 85D), за година дена подоцна стигне до големина 32G (FRA 85I).

Кога во 2007 година го запозна првиот сопруг, Питер Андреа, реши да ги намали, а потоа година дена подоцна, повторно ги зголеми.

Scroll to Top