Бритни Спирс повторно заврши во клиника за ментално здравје

By

Светската пејачка Бритни Спирс повторно се пријавила во клиника за ментално здравје во Калифорнија. Пејачката која врвот на славата го доживеа во деведесеттите години, по објавата на социјалните мрежи дека секој треба да води сметка за себе и да одвои време само за себе, се пријавила во менталната болница, каде ќе остане триесетина дена.

Светскиот магазин ТМЗ пишува дека Бритни не може да се носи со своите здравствени проблеми и поради тоа побарала помош. Нејзиниот татко, Џејми Спирс, кој на крајот на минатата година бил опериран поради проблемите со дебелото црево, сè уште е легален старател на имотот на Бритни.

Тој стана одговорен за нејзиното богатство откако пејачката пред десетина години доживеа нервен слом.

 

Ќе ви се допадне