Дејвид Бекам и Лука Модриќ заедно уживаат на Јадранот

Дејвид Бекам со семејството се уште е во Хрватска, а имал можност додека одмора да се види и подружи со Лука Модриќ.

Фудбалерите со своите семејства го посетија островот Шипан, а во неделата беа видени во ресторанот Бова на овој елафитски остров.

Инаку, Дејвид Бекам со сопругата Викторија и децата изминатата недела ја поминаа на островот Лопуд.

Scroll to Top