Џеј Ло качена на маса ги забавува гостите на нејзиниот роденден

Откако наполни 54 години, Џенифер Лопез на социјалните мрежи сподели фотографии на кои е качена на маса и танцува, а позира и во костим за капење.

„Роденденското расположение ќе трае цел месец“, напишала Џеј Ло.

За нејзиниот изгледот на пејачката коментираа и нејзинитеследбеници.

„Изгледаш импресивно и спектакуларно“, „Убава жена“, „Изгледа како да има 24, а не 54“, се дел од коментарите.

Инаку, пред да го прослави роденденот, Џеј Ло позираше во комплет од тантела со тробојна вискозна сатенска наметка со цветен принт.

За потсетување, пејачката, актерката и претприемачот е во среќен брак со Бен Афлек (50). Двојката беше свршена пред речиси 20 години, но нивната љубов заврши пред да се венчаат. Но тие повторно се смирија и неодамна ја прославија првата годишнина од бракот.

Scroll to Top