Џеј Ло со жешко селфи сама на одмор во Италија – се’ повеќе се зборува дека се разведува од Бен Афлек

Латино пејачката Џенифер Лопез неодамна беше фотографирана на луксузна јахта во Италија.

Нејзините жешки селфи фотографии се појавија на мрежите, а од сопругот немаше ни трага ни глас.

Џенифер одлучила да ужива во привлечноста на брегот Амалфи без да биде придружувана од нејзиниот сопруг Бен Афлек, а како што пренесува британскиот таблоид „Дејли мејл“, отсуството на актерот уште повеќе ги подгреало гласините дека славната двојка е пред развод.

Литино дивата носеше едноделен костим за капење, а нејзината активност го привлече вниманието на локалните фотографи.

Извесно време се зборува дека Џеј Ло и актерот Бен Афлек се разведуваат. Неколку извори зборуваа за странските медиуми за нивниот брачен статус, но парот никогаш јавно не ги објави овие тврдења.

„Готово е, тие се разведуваат и овој пат Бен не треба да се обвинува за тоа“, изјавил извор за „In Touch“.

Покрај тоа, поп пејачката неодамна ја откажа светската турнеја, што беше доволна причина корисниците на социјалните мрежи да продолжат да шпекулираат за пропаѓање на бракот.

„Скршена сум, срцето ми се кине“, изјави тогаш латино дивата.

Scroll to Top