Џенифер Лопез на Инстаграм објави серија фотографии на кои, меѓу другото, позираше во кујната во свечен фустан со длабоко деколте, а фотографиите ги воодушевија фановите.
„Мојот омилен дел од излегувањето е да се вратам дома на полноќна ужина“, напиша во објавата 55-годишната пејачка, позирајќи покрај шпорет на една фотографија.
Објавата собра 1,5 милиони лајкови, а многумина нејзиниот фустан го нарекоа „одмазда“ по разводот со Бен Афлек. „Изгледаш неверојатно“, „Мило ми е што се насмевнуваш“, „Совршенство“, „Само Џенифер готви во фустан за Оскар“, „Најубавата пејачка досега“ и „Афлек изгуби многу“, се дел од коментарите.