Ѕвездата од серијата „Полна куќа“, Џон Стамос, во своите мемоари открива дека како дете бил сексуално злоупотребуван. Неговата дадилка го злоупотребила кога имал околу 10 или 11 години и никому не кажал за тоа.
„Тоа беше како – ако се правам мртов, ќе престане. Но, не беше целосно агресивно, сепак, не требаше да се справувам со тие чувства,“ рекол тој во интервју за „Пипл“.
Актерот го потиснал тој настан длабоко во себе. Вели дека било потребно да напише книга за да ја разбере тежината на инцидентот.
„Секогаш беше во потсвеста и затоа толку многу се залагам за оние кои доживеале злоупотреба. Секогаш по малку се сеќавав на тоа. Секогаш беше таму, но го потиснував како и повеќето луѓе,“ вели тој.
Мемоарите If You Would Have Told Me излегуваат следната недела во САД и се навраќаат на низа мачни моменти од животот на актерот, вклучително и неговата борба со алкохолизмот и наркотиците, како и смртта на неговиот долгогодишен пријател Боб Сагет