Оскаровецот Џорџ Клуни ги повика холивудските студија да се вратат на преговарачка маса со актерите за да се обидат да ги решат несогласувањата околу новиот договор за вработување.
Разговорите меѓу студијата и синдикатот на актерите SAG-AFTRA пропаднаа во средата, откако студијата го одбија барањето да им дадат бонуси на актерите врз основа на бројот на претплатници на тв стриминг, објави Ројтерс.
Клуни го нарече загрижувачки колапсот на преговорите.
„Барем седнете на маса. Не мирувајте“, рече Клуни на прашањето за тековниот штрајк додека присуствуваше на гала во Лос Анџелес за „Royball School of Film“ и „Television Produced by Magnet“, чиј коосновач е тој.
Клуни рече дека претседателот на SAG-AFTRA, Фран Дрешер, му рекла дека е подготвена да ги рестартира разговорите за да се обиде да стави крај на прекинот на работата што започна во јули.