Доли Партон 40 години спие нашминкана за секогаш да биде подготвена за пред камера

Познатата пејачка Доли Партон во својата книга „Behind the Seams: My Life Rhinestones“ откри бројни детали за себе, а еден привлече посебно внимание.

Имено, Доли признала дека уште од осумдесетите, кога дошла во Лос Анџелес, спие нашминкана за да е секогаш подготвена да се појави пред камерите.

„Кога дојдов во Лос Анџелес во осумдесеттите, почнав да спијам со шминка. Си помислив – нема да излезам на улица без шминка, во случај да има камери. Сакам да бидам подготвена за излегување“, напиша таа, објави Дејли експрес.

Исто така, рече дека „не е важно кога го чистите лицето, сè додека тоа го правите барем еднаш неделно“. Покрај тоа, таа истакна дека спие нашминкана делумно поради нејзиниот сопруг Карл.

„Не сакам да изгледам како вештерка пред него“, напишала пејачката во својата книга.

Во таа прилика признала и дека сакала да се шминка уште кога била девојче и пораснала во сиромашно семејство во Тенеси.

„Користев кибрит за потемнување на веѓите, а бобинки за усните“, рекла Доли.

Scroll to Top