Дуа Липа купува облека на пазар во Шпанија

Дуа Липа, пејачката со косовско потекло, за време на нејзиниот одмор во Шпанија купувала ткаенини и облека од тезги на пазар во Ибица.

Овој шопинг на маркетот наводно следел откако таа ручала со семејството, пријателите и новото момче Ромен Гаврас во блискиот луксузен ресторан, како што пишува Дејли мејл.

Пејачката покажа како и покрај светската слава, сепак е едноставна девојка која пазарува на пазар.

Инаку, пред неколку дена Дуа Липа ги запознала своите родители, мајката Анеса и таткото Дукаѓин, со своето момче Ромен Гаврас, со кој е во врска од почетокот на годината.

Тие во последните денови уживаа во романтичен заеднички одмор, а првпат беа видени заедно во март годинава додека ја напуштаа ревијата на Сен Лоран на модната недела во Париз.

Инаку, против пејачката по трет пат е поднесена тужба поради наводна кражба на авторски права за сингл од албумот од 2020 година.

Scroll to Top