Дванаесет маратонци трчаат од Нова Градишка до Крушево

На 16 октомври се навршуваат 10 години од загинувањето на музичката ѕвезда Тоше Проески. За да му оддадат почит, дванаесет маратонци од Македонија денеска во 17 часот ќе го почнат да го трчаат маратонот од Нова Градишка до Крушево. Нова Градишка во Хрватска е местото каде што во 2007 година Тоше го загуби животот во автомобилска несреќа.

Претседателот на фондацијата „Тоше Проески“ Андреј Николоски вели дека маратонците утре во 18 часот ќе пристигнат на градскиот плоштад во Скопје, а во Крушево треба да бидат напладне во понеделник, на 16 октомври. Нивната крајна цел е гробот на Тоше на Гумење. По нивното пристигнување, во спомен-куќата на Тоше ќе се одржи културно-уметничка програма.

Во Крушево се веќе пристигнати фанови на Тоше од Хрватска и од Србија.

 

Scroll to Top