(Фото) Хуманитарен концерт на Школка во парк

Организацијата Girl Up денеска организираше хманитарен концерт на Школка во парк во Скопје. Станува збор за организција која се грижи за еднакви права и едукација на сите девојчиња. Girl Up e организација застапена во повеќе од 120 земји со над 3,300 клубови. Настанот беше организиран со цел да соберат пари за децата со посебни потреби од основното училиште „Иднина“.

И покрај тоа што врнеше голем број граѓани и деца дојдоа да ги слушнат Виктор Апостоловски, Лина Пејовска и Симеон Коруноски Александар Тарабунов и други пејачи кои настапија на овој настан.

 

Scroll to Top