(Фото) Јелена Томашевиќ засади дрво во Битола

Популарната српска пејачка Јелена Томашевиќ пред Центарот за култура во Битола вчера засади дрво. Таа објави слики на „Инстаграм“ и се пофали дека дрвото ќе го носи нејзиното име. Пејачката откри и дека пред 10 години првпат засадила дрво во родниот Крагуевац.

Освен Јелена, дрво засади и финската хармоникашка Хели Сиекинен. Двете музичарки настапуваат на Фестивалот на светска музика што почна вчера и ќе трае до недела. Освен нив, на фестивалот во Битола ќе настапи и Џамбо Агушев со неговиот оркестар.

Scroll to Top