Изгледа дека Кортни Кардашијан конечно стави точка на врската со Скот Дисиком, затоа што се чини дека ужива како никошта претходно со новиот дечко! Нејзиниот нов дечко е Алжирецот Јунс Бенџим, а двојката ужива во Франција, поточно во Сен Тропе, и не се одвојуваат еден од друг!
Интересно е дека Кортни и Јунс воопшто не се кријат од јавноста и веќе без проблем разменуваат нежности, се прегрнуваат и држат за рака, шетајќи по градот и уживајќи на егзотичните плажи, што, се разбира, нејзините фанови со воодушевување ги дочекаа! Иако многумина се сомневаат во тоа дека оваа врска ќе потрае, Кортни и Јунс, засега опстојуваат, а ако се спуди според фотографиите, среќата и вљубеноста на Кортни засега се очигледно!
Инаку освен тоа што блеска дефинитивно мораме да го пофалиме нејзиниот костим за капење, кој фантастично и стои! Баш како и новиот дечко!