Влатко Лозаноски и Лила Филиповска се на заеднички одмор. Тие вчера отпатуваа во Дубаи и веднаш се пофалија на своите инстаграм-профили, од тоа кога тргнале до тоа каде се сместиле во Дубаи. Иако Лила често знае да каже дека Влатко ѝ е еден од омилените пејачи, оние кои ги познаваат велат дека ова е првпат да отидат некаде заедно на патување.
Во Дубаи друштво им прават и водителите Ване Марковски и Гоце Андреевски. Се зборува дека топтан се отидени на сметка на позната туристичка агенција која тие ја рекламираат на своите инстаграм-профили.