По повод одбележувањето на 70 роденден на Принцот Чарлс, кралското семејство направи семејни фотографии кои ги обајви Кенсингтонската палата.
Едната фотографија е формална, додека другата е во опуштено издание и членовите на кралското семејство се фотографирани во природни пози.
На двете фотографии Чарлс е со Камила и внуката Шарлот, која седи на клупа. Во скутот принцот Чарлс го држи малиот Џорџ, а зад нив стојат Хари, Меган, Вилијам и Кејт Мидлтон која го држи најмладиот принц Луис.
Она што најмногу привлече внимание се скришните пораки кои ги покажуваат преку нивните пози. Експертот за говор на тело Џуди Џејмс истакнува дека Чарлс е единствениот кој ја задржал истата поза на двете фотографии, што говори за неговиот однос кон кралскиот протокол.
„На формалната фотографија, принцезата Шарлот го пореметила распоредот на седење и го турнала принцот Чарлс на крајот. На неформалната фотографија, Чарлс и идниот крал Џорџ завземаат централна положба“, вели Џуди.
„Камила ги држи рацете во облик на срце што би можело да упатува на тоа дека шири љубов кон целиот свет, но тоа всушност е нејзиниот начин за смирување“, вели Џуди.
„Како мајка на три деца, Кејт изгледа многу самоуверено и среќно, додека положбата на Меган Маркл ја одразува нејзината елеганција и сјајна самопочит“, вели Џејмс.
Џуди додава дека токму поради тоа Меган Маркл се разликува од останатите членови на кралското семејство.
„Меган ја има разбиено таа формалност на кралско семејство. На другата фотографија таа има широка насмевка, како на дете. Дури изгледа како да се потпира на Камила. Делува како да сака да им се приклучи на Џорџ и Шарлот и да си игра со нив“, вели таа.