Приватни фотографии од венчавката на принцот Хари и Меган Маркл се објавени на „Инстаграм“ и „Твитер“, пишува британскиот таблоид „Сан“. Станува збор за стотина фотографии кои ги снимил полскиот аристократ Алекси Лубомирски.
Притавните фотографии излегоа во јавноста откако некој го хакирал компјутерот на нивниот службен фотограф. Интимните фотографии се објавени на социјалните мрежи, а извор од Бакингемската палата, вели дека компромитирана е и безбедноста на кралската двојка.
Станува збор за црно-бели фотографии од кралската двојка, која досега јавноста немаше можност да ги види. Лубомирски не бил само службен фотограф на венчавката, туку ги снимил и моментите од запросувањето на имотот Грогмор Хаус, каде наскоро, на совет на кралицата, ќе се пресели новото семејство.
„Секој пат кога Хари и Меган ќе комуницираа, ќе се погледнеа и пламнеше мала искра, двајцата ќе се насмееја ќе се гурнеа со лактовите. Беше прекрасно и преслатко. Просто тоа беше нивниот мал свет“, изјавил Лубомирски за тоа како го доживувал парот.
Што се однесува до фотографирањето, направена е истрага, но не е инволвирана полицијата. Засега извори од палатата и самиот Лубомирски одбиле да ја коментираат ситуацијата.