(Фото) Шарлиз Терон не сака да си оди од Хрватска

Актерката Шарлиз Терон, заедно со пријателките и ќерката ужива на јадранското крајбрежје. Терон, која важи за една од најубавите актерки во светот, е во посета на Хрватска и вели дека планира да се одмори до почетокот на новата филмска сезона.

Таа на социјалните мрежи сподели и видео од јахтата на која плови заедно со пријателките во близина на островот Локрум.

„Безусловна љубов“, напишала Шарлиз на фотографијата.

Актерката објави и фотографија од нејзината ќерка, а под истата напиша дека не сака да ја напушти Хрватска.

Scroll to Top