(Фото) Сталоне со сопругата и ќерките стигна во Сплит

Актерот Силвестер Сталоне во придружба на неговата сопруга и ќерките пристигнале во Сплит, пишуваат хрватските медиуми.

Актерот со сопругата Џенифер и ќерките  Систина и Софија Роуз слетаа на хрватскиот аеродром од Венеција, а потоа се обиделе незабележливо да стигнат до западниот брег, од каде со брод се упатиле кон најблискиот остров.

Силвестер Сталоне на 6 јули ќе наполни 73 години, па многу веројатно е дека роденденот ќе го прослави во Хрватска, пишуваат тамошните медиуми.

 

Scroll to Top