На 25 јуни 2009 година, беше објавена веста дека починал Мајкл Џексон, кралот на поп музиката, една од најголемите музички ѕвезди на сите времиња. Џексон почина на 50 години од срцев удар, три недели пред почетокот на големата повратничка турнеја, која требаше да опфати 50 концерти.
„Пред 10 години, светот загуби талентиран уметник и исклучителен хуманитарец. Десст години подоцна тој сè уште е со нас, преку неговото влијание врз танцот, музиката, модата и уметноста. Тој денес е поважен од кога било“, се вели во соопштението на компанијата која се грижи за наследството на Џексон.
И додека фановите се подготвуваат да го чествуваат Џексон на разни начини, неговите лик и дело во меѓувреме беа оцрнети од нови обвинувања за сексуално малтретирање деца, изнесени во документарец на Ејч-Би-О.
А, што се случуваше со трите деца на Џексон во последните 10 години?
Принс (22) е најстарото дете и имаше 12 години кога почина Џексон. Тој овој месец дипломираше бизнис на универзитетот Лојола Меримаунт во Лос Анџелес, откако претходно отвори продукциска компанија.
Парис (21) остана најповрзана со шоу-бизнисот од децата на Џексон, но и имаше најпроблематичен живот. Се испроба како актерка и модел, но и отворено зборуваше за свои зависности и ментални проблеми, што вклучи и неколку обиди за самоубиство.
Иако се појави на насловните страници уште како бебе кога татко му го држеше над хотелска тераса, Бленкет (17) се држеше подалеку од очите на јавноста во меѓувреме. Тој беше одгледан од баба му Кетрин (88) по смртта на Мајкл Џексон. Во 2015, Бленкет си го променил името во Биги.
Како и да е , се вели во филмот, на овој или оној начин, секое оди по некој пат, но ниту едно од нив не остана имуно на се што се слушуваше. Тие и 10 години по смррта го носат товарот на својот популарен татако.