Фрижидер и плазма телевизор стигнаа во домот на близнаците Тео и Тони

Одкако А1.он ја објави приказната за седумгодишните близнаци Тео и Тони, кои се напуштени од родителите и со своите баба и дедо живеат во беда, во руинирана куќа во Долно Лисиче, Панчо и Андреј од  дуото ДНК, отидоа да ги посетат и да покренат иницијатива за помош на овие деца.

„Веруваме дека нашата иницијативата ќе ја разбуди добрина кај многу по моќни и влијателни луѓе кои би можеле да им приуштат нормално детство како што имаат сите нивни другарчиња“, рекоа од ДНК.

Тие потенцираа дека веќе неколку нивни соработници веднаш излеелгле во пресрет, па веќе на семејството им донирале основни работи потребни за нивното секојдневие. Од хигиенски средства, храната, фрижидер , машината за перење , плазма телевизор. ДНК, аплеираат до сите јавни личности, но и оние кои се во можност, да им помогнат на близнаците Тео и Тони Зафировски.

За потсетување, семејството Зафировски живее во двособна куќа чии ѕидови се полни со влага, кровот прокиснува, а немаат ниту тоалет и санитарни чворови. Од импровизираните врати и прозори во куќата константно влегува студен ветер и дожд кои дополнително ја усложуваат и онака компликуваната состојба во која се наоѓаат.

Немаат пари ниту за храна, брашно и основни хигиенски производи. Тео и Тони секој ден во училиште одат со искинати чевли и распарталени панталони.

Нивниот дедо е инвалид и со десното око воопшто не гледа  па е неспсобен за работа, а притоа семејството не прима никаква социјална помош.

Scroll to Top