Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена, на социјалните мрежи објавија фотографии и видеа од нивниот дом во Монте Карло. Ѓоковиќ вели дека уште во раната фаза на неговата кариера се преселил во кнежевството на Монако, поради квалитетниот живот, убавата клима и поволната инфраструктура за тренинзи.
Ѓоковиќ најмногу време минува во Монте Карло во својот дом, кој се наоѓа на најпрестижната локација, каде во комшии ги возачот на „Формула 1“ Луис Хамилтон и тенисерката Каролина Возњацки. Погледот од терасата е непроценлив, вели Ѓоковиќ и со самото тоа е подигната цената на неговиот стан за неколку милиони евра.
Новак и Јелена го уредиле домот во убава семејна банка, коментираат нивните фанови. Детските соби се исполнети со многу љубов. Со цртежи и географски карти направени од Стефан и Тара во нивната претшколска возраст. Во дневната има голем плазма телевизор, каде Ѓоковиќ вели дека ги гледа мечевите.
Тенисерот има голема библиотека и канцеларија. И Стефан и Тара имаат мини библиотека во која се наоѓаат детските книги, како и простор за играчки. Новак и Јелена заедно со нивните деца често одат во прошетка со нивните миленици кучињата Пјер и Тесла. Семејството често шета низ Авенијата на принцезата Грејс.
Српскиот тенисер е рекордер во светот по заработката од турнири (131.040.932 долари), без приходите од спонзорите. Ѓоковиќ вели дека парите ги инвестирал паметно во купување на недвижности. Србинот минатата година во Белград купил цел кат, за повеќе од половина милион долари.
На Менхетен во Њујорк има двособен стан, а во Мајами поседува елитен стамбен комплекс. Ѓоковиќ поседува дуплекс во Порто Монтенегро, каде со семејството често патува на летен одмор. Ѓоковиќ во недела ќе почне да игра на турнирот на Ролан Гарос. Неодамна по Мастер турнирот во Рим, Србинот го прослави својот 32 роденден.