(Галерија) Оваа пролет се враќаат во мода ѕвонарките

Моделот на џинс и панталони, што беа популарни во 60-те и 70-те години, а се со висок струк и во крој со суптилна „ѕвонеста” форма, се добар избор кога сакате визуелно да ја издолжите вашата фигура.

 

Честопати нивната должина е до земја, ги покриваат и чевлите, па на тој начин визуелно се добива впечаток на издолжена силуета.

Инспирирани од естетиката на хипи ерата, оваа пролет повторно ќе бидат актуелни ваквите модели: џинс во темна нијанса, панталони во интензивни бои како портокалова и зелена, но и во пастелни и беж нијанси.

Соодветен избор се и за деловен и за кежуал стајлинг, па вреди да се инвестира во едно вакво пролетно, шик парче.

 

 

Scroll to Top