(Галерија) Проѕирна кошула за Мила, летни фустани за Рози и Бети: Стилот на дамите на вчерашните избори

На вчерашните предвремени парламентарни избори политичарките привлекоа внимание со стилот на облекување. Радмила Шеќеринска овој пат се реши за едноставна кежуал бела комбинација.

Мила Царовска беше во поелегантна варијанта па синиот фустан го искомбинирала со проѕирна бела кошула. Освежување беа првата дама Елизабета Ѓорѓиевска, сопругата на претседателот Пендаровски, која носеше розов фустан во комбинација со кафени детали. За фустан кој ја следи линијата на телото се  реши и сопругата на Христијан Мицковски.

За бело палто се реши и Зорица, сопругата на Зоран Заев, а беж палто во комбинација со розова блуза избра Гордана Силјановска-Давкова.

Фото: Фејсбук

Scroll to Top