Дека е мајстор за романтика, ама и за добра концертна журка, Ерос Рамацоти вечерва ја разгоре љубовта во Скопје. Италијанската музика има посебен шмек. Уште кога се појави на сцената публиката го дочека со овации и аплауз.
По неколку отпеани песни, италијаски пејач и се обрати на публиката на македонски, велејќи: “Здраво, како сте? Фала ви што дојдовте, уживајте во забавата”.
И навистина ова е топ забава, на која нема повеќе жени од мажи. Пата-пата е. Популарниот Италијанец уште еднаш потврди дека е миленик на жените, откако се симна да ги бакнува во публиката. Добро расположен, Рамацоти постојано играше, трчаше од еден до друг крај на бината, мавташе со рацете, праќаше бакнежи…
Ерос и овој пат покажа дека во време на елетронската музика и модерните хитови, секогаш на сцената е романтичен. Тој и понатаму го носи епитетот мајстор за романтични песни. Озвучувањето е одлично, а Ерос во живо звучи како да пее на цеде.
Во свој манир ги изведе добро познатите песни кои низ сите овие години не можат да паднат во заборав, но и од последниот албум Fuoco del Fuoco, Un Altra Te, Se Bastasse una Canzone, Musica e, најголемиот хит Cose della Vita… Организатори се Авалон продукција. Коцертот на Ерос е во склоп со неговата турнеја Vita Ce N’e.
Подготви: Репортер.мк
Фото: Д. Перковски