Генијалецот Македон Димитровски освои златен медал на уште еден натпревар по математика

Осумгодишниот генијалец Македон Димитровски од Тетово освои уште еден златен медал на натпревар по математика.

Станува збор за натпреварот „Кенгур“ кој се одржа на Машинскиот факултет во Скопје.

„Македон го доби златниот медал од финалето по математичкиот натпревар „Кенгур 2023“ одржано на Машинскиот факултет во Скопје. Браво, ти си наша гордост“, напиша таткото на Македон, Владимир Димитровски.

Scroll to Top