Годишнина од смртта на народната принцеза: последните зборови на Лејди Ди сè уште остануваат мистерија

Поранешната принцеза од Велс, принцезата Дајана, го загуби животот во сообраќајна несреќа во париски тунел на 31 август 1997 година. Принцезата Дајана трагично почина пред точно 26 години.

Поранешната сопруга на сегашниот крал Чарлс Трети тогаш се обидувала да побегне од папараците со својот партнер Доди Ал Фајед, познат плејбој и милионер, и двајцата тогаш биле загинале заедно со возачот Анри Пол.

Минатата година на денот на годишнината изјава за медиумите даде Ксавиер Гурмело, еден од првите луѓе на местото на несреќата, кој истакна дека не знаел дека жената на која се обидел да и помогне во тој моментот била всушност принцезата Дајана.

„Таа на англиски рече: „О, Боже, што се случи?“, се сеќава тој. „Можев да го разберам тоа, па се обидов да ја смирам, ја фатив за рака“.

Сè уште има многу шпекулации околу смртта на принцезата Дајана. Некои тврдат дека се било наместено и испланирано, додека официјалните информации се дека се работи за несреќен случај.

Дајана беше погребана на 6 септември 1997 година со целосни кралски почести на имотот на семејството Спенсер. Конечно, на денот на погребот, кралицата прошета меѓу огромните цвеќиња и букети пред палатата, се поклони пред ковчегот на Дајана и за прв пат во историјата го спушти знамето над Бакингемската палата на половина копје.

Засекогаш ќе остане мистерија што навистина се случило, дали некој навистина ги скршил сопирачките на нивниот автомобил и дали Лејди Ди во тоа време била бремена. Сепак, останува фактот дека возачот бил во алкохолизирана состојба, а Лејди Ди одбила понудата на кралицата да има придружба.

Принцезата Дајана сигурно ќе остане запаметена по срамежливата насмевка и прекарот „народна принцеза“. Таа беше посебна, се трудеше да биде надвор од кутијата и ги воспита децата на Вилијам и Хари да бидат еднакви како сите други. Кралското семејство често се спротивставуваше на нејзините методи, Хари и Вилијам беа првите кралски деца што одеа во државно училиште, додека Лејди Ди истовремено минуваше низ вистински пекол во бракот со Чарлс.

Неговата врска со Камила не престанала ниту еден момент, а Камила во моментот на нејзината смрт наводно телефонски го тешела тогашниот принц од Велс.

Scroll to Top