Ѓорѓе Давид од „Гранд“ заразен со корона

Ѓорѓе Давид, членот на жирито на „Ѕвездите на Гранд“ потврди дека е позитивен на тестот за корона. Тој веќе неколку дена е во болница, но резултатите од тестот ги добил денес. Познатиот српски рокер заврши во болница поради воспаление на белите дробови.

„За жал, потврдено ми е дека позитивен сум на Ковид-19! Не разбирам… Очаен сум. Вирусот ќе помине, но… Болницата, пеколот, како да си во затвор или војска. Луѓе чувајте се. Ве молам“, напиша тој на „Инстаграм“.

Откако пред неколку дена најави дека е во болница и дека се сомнева дека е заболен од корона, популарниот музиар доби бројни пораки со поддршка. Во меѓувреме, шоуто не се снима, а засега не е одлучено дали по крајот на епидемијата, сезоната ќе продолжи или ќе се откаже.

Scroll to Top