Актерот Даниел Редклиф е најпознат како волшебникот од франшизата „Хари Потер“ позира во долна облека. Даниел се најде во главната улога во серијата „Чудотворци“, чиј продуцент е и тој. Тој играше различен лик во секоја сезона од серијата. Во првата, тој беше ангел, потоа принц, свештеник, а во новата сезона Сид, патен воин. Сид живее во апокалиптичен свет создаден по нуклеарна катаклизма.
Додека заплетот звучи интересно, други детали го привлекоа вниманието на гледачите. Имено, Даниел за оваа улога го покажа своето мускулесто тело, во сцена каде неговиот лик Сид е облечен само во бели гаќи.
Ова не е прв пат Даниел да се соблече за некоја улога. Првиот пат беше кога имаше 17 години и кога глумеше во претставата ‘Equus’. Многумина коментираа дека никогаш не го виделе ваков и дека сигурно работел со добри тренери и морал да вложи многу труд за да ја постигне оваа фигура.
Инаку, Даниел неодамна зборуваше за телевизиската серија за Хари Потер, која треба да се емитува во 2025 или 2026 година. Тој откри и дека нема да има улога во серијата.
– Колку што разбрав, тие сакаат да почнат од почеток и сигурен сум дека авторите ќе сакаат да остават свој белег и веројатно нема да сфатат како да го вклучат стариот Хари во мала улога. Дефинитивно не го барам тоа на кој било начин. Но, секако, им ја посакувам сета среќа на светот и многу сум возбуден што диригентската палка е успешно предадена. Мислам дека не е потребно физички да ја предадам – изјави еднаш за „Комик букс“.