Хари Стајлс не може да ја преболи бившата, тетоважата го издаде пејачот

Познатиот пејач Хари Стајлс неодамна бил фотографиран на брод со пријателите, а вниманието на јавноста го привлече огромната тетоважа за која многумина веруваат дека е посветена на неговата бивша девојка и колешка Оливија Вајлд.

На Твитер се шпекулира дека 29-годишниот пејач не може да ја преболи старата љубов, а името Оливија се уште е врежано во неговото сеќавање, но и на неговото тело.

„Ќе живеам во блажено незнаење за тоа што всушност кажува таа тетоважа додека не видам некои Ultra HD 4K фотографии за да докажам дека грешам затоа што знам дека мојот човек не беше доволно глупав да истетовира нечие име“, „Сите шеги настрана, ако тетоважата навистина вели Оливија, тоа само докажува дека и Хари Стајлс е човек“, се дел од коментарите на Твитер.

 

Scroll to Top