Хотел од мраз во Финска инспириран од „Игра на тронови“

Се отвори хотел од мраз во Лапонија, Финска, инспириран од хит-серијата „Игра на тронови“. Хотелот е изграден во соработка со телевизиската мрежа „Ејч-би-о“ и е дел од Снежното село, кое е на површина од околу 20 илјади квадратни метри.

Селото во Лапонија секоја година ја менува темата и се гради од 20 милиони килограми снег и 350.000 килограми чист мраз.

Покрај хотелот, во селото има и ресторан од мраз, леден бар, како и просторија за венчавање направена од мраз.

Скулптури од мраз се инспирирани од темите и ликовите од „Игра на тронови“ и се поставени во 14 спални и 10 апартмани. Во една соба, на пример, има издлабено фигура на Бел шетач над креветот.

 

Има и апарат за сладолед во облик на змеј, ледена реплика на Железниот престол и знаци нa ѕидовите од големите куќи на Вестерос. Собите во хотелот ги дизајнираа скулптори од Русија, Полска, Летонија и Украина. Температурата внатре е пет Целзиусови степени , па гостите преспиваат само една ноќ.

Температурите во ресторанот, во барот и низ ходниците се движат од -2 до -5 степени, без разлика на надворешната температура.

Ноќевањето во хотелот чини од 200 долари, па нагоре, а за влез во Снежното село се плаќа плус билет од 18 долари.

Scroll to Top