Илина и Ева родени во Германија ќе ја претставуваат Македонија на европско првенство по ритмичка гимнастика

Илина (16) и Ева (13) Соколовски под македонско знаме ќе се натпреварувааат на европското првенство по ритмичка гимнастика, кое ќе се одржи во Будимпешта. Тие досега ги освоија сите можни медали по ритмичка гимнастика во Германија.

И двете се пресреќни, бидејќи сите овие години, колку што се натпреваруваат, иако се со македонски пасош, се натпреварувале за Германија, родени се и живеат таму со семејствто.

„Конечно ми се исполни сонот. Уште кога почнав посакував еден ден да застанам под македонското знаме. Кога ќе настапувам за Македонија ќе ме подржат моите тренерки од Германија, со кои веќе работам 10 години. Во Македонија не постои овој спорт и нема тренери, кој ќе ја исполнат нормата за интернатионални натпревари. Се радуваме со мојата сестра што ке ја представуваме Македонија на балканските, европските и на светските натпревари“, рече Илина.

Илина и Ева стартот на новата сезона го започнаа, со медали. Во јануари Ева имаше пријателски традиционален натпревар во Боркен, каде го освои првото место. На 11. февруари во Гутершлох се одржа првата квалификација на сезоната и Ева повторно беше прва, додека Илина го освои второто место. На 19. февруари Ева се натпреваруваше во Бохум, републички традиционален натпревар и повторно го освои првото место.

Многу медали ги красат витрните на нивните клубови, недостасуваше само натпревар за матичната земја, бидејќи на секој Македонец желбата е да си ја претставува државата.

„Навистина сонот ни се оствари да ја представувме Македонија. Веќе се изработуваат потребните документи и пресреќни сме со Ева што ќе бидеме репрезентативки на Македонија. Следува напорна работа, напорен тренинг, но тоа нас не не плаши, вака функционираме уште кога почнавме. Мотивот сега ни е поголем, Македонки сме, со македонски пасош и под македонско знаме ќе се обидеме да ја претставиме во најдобро светло татковината на европската спортска сцена“, вели Илина.

Песната „Кога падна на Пирина“  од „Некст тајм“ беше инспирација на Илина Соколовска за настап на Интернационалниот натпревар по ритмичка гимнастика во Германија каде освои вицешампионско место.

Илина и Ева се скопјанки, кои се родни во Геманија, но со семејството живеат и победуваат за Геманија.

 

Scroll to Top