Раперот Канје Вест вели дека не е биполарен, како што претходно тврдеше, туку дека има знаци на аутизам предизвикани од сообраќајна несреќа во 2002 година.
Во бизарна порака до Илон Маск, Канје вели:
„Кога ќе разговараме. Не ми должиш ништо. Никогаш повеќе не треба да разговараш со мене. Но, ако разговараме. Природата на врската мора да се промени. Јас не сум биполарен. Имам знаци на аутизам од сообраќајната несреќа. Не можете да ја гледате Ким како ги држи моите деца подалеку од мене. И да не кажувате ништо јавно и потоа да се нарекувате мој пријател за да ја доведам мојата публика на вашата борбена платформа“, вели раперот.
Текстот го објави Иан Конор, момче кое со години е близок со Канје. Пораката ја објавил на наговор на раперот, откако изгуби пристап до речиси сите свои профили на социјалните мрежи.
Илон го суспендираше профилот на Твитер на Канје во декември поради антисемитските коментари на раперот.
Она што е јасно од пораките е дека Канје се уште е во војна со Ким Кардашијан.
Што се однесува до сообраќајната несреќа за која зборува, а која ги предизвикала неговите наводни аутистички симптоми, таа била речиси кобна за него.
Канје во несреќата целосно ја скршил вилицата, а возачот ги скршил двете нозе.