Карираниот мантил на „Барбери“ ќе се носи и оваа есен

Во тек е модната недела во Лондон за пролет 2018, но, сепак, дел од дизајнерите и модните куќи ги претставуваат актуелните есенски колекции, по принципот „види сега-купи веднаш“. Таков е случајот и со „Барбери“.

 

Новата колекција на Кристофер Бејли изобилува со многу боја, принтови и динамика. Брендот  сака да се приближи кон помладата популација. Еклектичниот стил во комбинација со „Барбери“ класиката – препознатливиот мантил и карираниот дизајн е комбинацијата на која Бејли и брендот типуваат оваа есен.

Scroll to Top