ЌЕ СЕ НАСМЕЕТЕ ДО СОЛЗИ: Сите гледачи на Канал 5 денеска готвеле полнети пиперки

При неделното гласање во вип сезоната на емисијата „Избор на најдобрите рецепти“ на ТВ Канал 5 телефоните се отворени, а секој од гледачите може да ги прокоментира познатите и нивните кулинарски вештини, но оваа емисија водителката Јелена Спенџарска долго ќе ја памти.

Најголемиот дел од гледачите кои се јавија за да го дадат својот глас за еден од рецептите на познатите и открија дека токму денеска за својот ручек со семејството зготвиле полнети пиперки.

На крајот од емисијата, водителката се пошегува велејќи дека отсега ќе става минуси доколку некој не зготвил полнети пиперки за ручек.

Scroll to Top