Ќерката на Роберт де Ниро првпат во јавност по загубата на синот на прославата за 80. роденден на актерот

Дрина Де Ниро неодамна доживеа голема загуба кога нејзиниот син ненадејно почина. Таа присуствуваше на прославата за 80. роденден на познатиот актер Роберт Де Ниро.

Прославата беше организирана во четвртокот, а легендарниот актер јубилејниот 80. роденден го прослави во Њујорк.

Дрина за прославата на нејзиниот татко избра елегантен бел комплет.

Роденденската прослава беше организирана нешто повеќе од еден месец откако семејството на актерот доживеа тешка загуба. По смртта на синот на Дрина Де Ниро, ова беше нејзино прво појавување во јавноста.

Да потсетиме, Леонардо Де Ниро Родригез почина на 19-годишна возраст, а по обдукцијата беше утврдено дека во крвата има неколку недозволени супстанци. Семејството на Леонардо остана неутешно по оваа голема загуба.

Scroll to Top