Каја Гербер, ќерката на топ-моделот Синди Крафорд, за првпат зачекори на модната писта, во рамките на Модната недела во Њујорк. 16-годишната Каја своето деби го имаше во модното шоу на Келвин Клајн.
Иако досега има снимено неколку реклами и едиторијали, ова е нејзино прво појавување на модните писти.
Нејзините родители, Синди Крафорд и Ренди Гербер, не беа во Њујорк да го проследат нејзиното деби, но Каја доби поддршка од нејзиниот постар брат Пресли, кој веќе неколку години активно се занимава со мода.