Ким Јон Ун се прошета среде Њујорк! – Можеби мирот е сепак можен

Јужнокореанците биле восхитени, и сите сакаа да се сликаат со него.

Жителите на „Голема Јаболка“ биле длабоко шокирани кога го виделе „севернокорејскиот лидер“ како со леснотија се шета низ улиците и влегува во кулата на Трамп.

Но, не беше се така како што изгледаше.

Јутјуб пранкерот „QPark“, откри личност која личи премногу на лидерот на Северна Кореја и кој прошета низ три различни кварти во Њујорк, уловувајќи ги притоа со камера реакциите на минувачите.

Луѓето по улиците кои не беа свесни дека целта на перформансот била шега, целосно биле затечени, и му довикуваат на лажниот Ким, „ракетен човек“ и се прашуваат што најомразениот политичар на Трамп, работи во Америка.

Кога пранкерите стигнаа до целта, на 71 кат од кулата на Трамп на Вол Стрит, и на влезот прашаа „дали Доналд Трамп е дома“, духовитот чувар кој веднаш ја препозна измамата, изјави дека сите информации се доверливи.

Некои од нив ги прашале пранкерите дали може да направат селфи со нив, пред да ги испратат до излезот.

На крајот од патувањето, веселата двојка отиде до Корејскиот кварт во Њујорк, каде жителите низ насмевка заклучија дека лажниот Ким Јонг Ун изгледа пресериозно.

Ова видео има за цел да испрати порака до свеотт која гласи: „Можеби мирот сепак е можен! Помалку омраза, повеќе дијалог“.

Погледнете го Ким во Њујорк:

Scroll to Top