Кинески хороскоп за 2018 година

Кинескиот хороскоп се смета според годината на раѓање.

Глушец (1924, 1936, 1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008)

Родените во овие години нема да имаат многу успешна година кога станува збор за финансиите, барем не во првиот дел од годината. Треба да бидете многу внимателни и да покажете одговорност, зрелост и подготвеност да донесете мудри одлуки. Од средината на годината, паричната ситуација ќе се подобри и приходите ќе се зголемат, затоа не се грижете. Ќе сфатите дека трудот и напорната работа се исплатат. 2018 година носи многу изненадувања во вашиот љубовен живот. Ќе постојат периоди и можности за промени, но ќе успеете и да стапите во брак доколку подолго го очекувавте тоа. Работите ќе си дојдат на свое место. Можни се проблеми со кожата поради постојан стрес и нервоза, што може да доведе и до оштетување на видот. Потрудете се да го намалите стресот.

Вол (1925, 1937, 1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009)

Оваа година ќе донесе финансиска награда за изминатиот труд. Верувајте во себе и не дозволувајте некој да ви држи предавања. Докажавте дека самите можете да се изборите за своето место и продолжете така. Сите награди пофалби се резултат на вашиот труд. Воловите се многу посветени и верни, така што оваа година тие ќе бараат личност слична на нив. За жал, тоа ќе биде тешко, па дури и невозможно. Но, не се откажувајте. Благодарение на здравите навики, здравјето ќе ви биде идеално во текот на целата година. Само така продолжете.

Тигар (1926, 1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010)

Треба да водите сметка за трошоците, да внимавате и два пати да размислите пред да одлучите нешто да купите. Вие сте многу амбициозни и вредни и во состојба сте да се борите за тоа што го сакате. Внимавајте да не влегувате во ризични работи. Без оглед на вашата емоционална состојба, љубовниот живот во 2018 година ќе ви биде полн со различни содржини. Ве очекува успех во љубовта. Треба да се посветите себеси, да ги промените животните навики, особено кога станува збор за храната и физичката активност.

Зајак (1927, 1939, 1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011)

Вие сте личност која не се срами и не се плаши од работа, а сето тоа го правите за да не морате да се грижите за пари во животот. И ако продолжите со напорна работа, тоа никогаш нема да ви биде проблем. Бидете свесни сепак, не ги трошете парите на непотребни работи. Зајакот нема да успее да го доживее саканиот успех во текот на оваа година, кога станува збор за љубовниот живот. Ќе имате можност за почеток на нова емоционална врска, но на таа нема долго да трае. Тоа што може да ви прави проблеми во 2018 година  е стресот и претераната нервоза. Променете го своето однесување и почнете да се грижите за себе.

Змеј (1928, 1940, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012)

Вам ви е важен статусот во општеството повеќе од парите, но всушност поради желбата да се докажете во најдобро светло пред другите, ќе имате амбиција да бидете што подобри и поуспешни. Сепак внимавајте на трошењето, а избегнувајте ја соработката со сомничави лица. Доколку не сте во емоционална врска, ќе имате можност да ја најдете својата вистинска љубов оваа година. Со саканата личност ќе воспоставите успешен однос и тоа ќе ви помогне да напредувате во љубовта. И покрај многуте обврски, здравјето ќе ве служи во текот на 2018 година. Единствено ќе ви пречи стресот, но со редовен одмор ќе го надминете без проблеми.

Змија (1929, 1941, 1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013)

Ова ќе биде награда за вашиот труд од изминатиот период. Ќе чувствувате дека сте спокојни и среќни, како на приватен, така и на професионален план. Бидете прилагодливи и не покажувајте тврдоглавост особено пред луѓето кои не ве познаваат. Вашиот најголем страв е да не бидете повредени, па во текот на 2018 година многу ќе внимавате, кога станува збор за емоциите. Тешко е да ве импресионира некој и нема да бидете претерано заинтересирани за љубовта. Здравјето ќе ви биде добро, но можни се проблеми со здравјето на ваши блиски. Така ќе сфатите дека здравјето е најважната работа на светот и ќе бидете повнимателни.

Коњ (1918, 1930, 1942, 1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014)

Ќе ја имате поддршката од ѕвездите во текот на оваа година. Ќе бидете заинтересирани за инвестирање и тоа ќе ви донесе успех. Бидете претпазливи и детално водете сметка за парите. Не претерувајте. Во љубовта треба особено да бидете внимателни за да не донесете непредвидени одлуки и потези кои можат да ви донесат проблеми со партнерот. Тоа особено се однесува на неверствата и лагите. Освен стресот и напнатоста, вашето здравје ќе биде одлично. Посветете се повеќе себеси, опуштајте се почесто и не паѓајте на провокации. Клучот лежи во позитивното размислување.

Коза (1919, 1931, 1943, 1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015)

Ќе имате многу можности за подобрување на вашата сметка, но на вас ќе остане дали ќе ја искористите можноста која ви се нуди. Ќе се трудите да заштедите колку е можно, бидејќи ќе имате зацртани планови кои сакате да ги остварите. Кога станува збор за љубовта, ни сами не знаете што сакате. Моментално сте фокусирани на работата, така што не сакате да губите време на други луѓе. Вие сте склони кон занемарување на сопственото здравје, бидејќи повеќе водите сметка за другите отколку за себе. Променете го тоа и ослободете се од нездравите навики.

Мајмун (1920, 1932, 1944, 1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016)

Во текот на целата година ќе имате многу пари, но и ќе научите како да управувате со финансиите. Можеби ќе купите некаков имот или нешто што не сте планирале. Оваа година ви носи можност за нова љубовна врска. Ако сте веќе во брак или сериозна врска, вашиот однос ќе доживее потешкотии, но само треба да бидете искрени и да не паѓате во искушенија, кои можеби ќе ви бидат понудени од други луѓе. Во текот на 2018 година, највеќе ќе се фокусирате на наоѓањето на внатрешниот мир и спокој. Ќе ви годи мирот, тишината и изолацијата од другите. Така ќе соберете енергија за сите нешта кои треба да ги завршите.

Петел (1921, 1933, 1945, 1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017)

Оваа година ќе треба да се научите да се прилагодите на другите, да ги искорените своите стравови и да не се плашите од парите. Опуштете се и финансиите ќе почнат да течат по својот тек. Оваа година ви претстојат многу страсти, искрена љубов и среќа. Ќе имате многу можности за наоѓање на својата сродна душа, но сепак бидете внимателни и не се залетувајте. Стресот би можел да ви донесе сериозни физички и психички проблеми доколку ги занемарувате проблеми и не вежбате. Анксиозноста ќе се развие многу повеќе, ако не направите ништо.

Куче (1922, 1934, 1946, 1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018)

Ве очекува одлична финансиска година, а сето тоа е резултат на минатогодишниот труд и работа. Ќе успеете да си дозволите се што ќе посакате, само советувајте се кога ќе правите големи трошоци. Бидете рационални. Кога станува збор за емоциите, ќе поминете низ многу промени и искушенија. Доколку сте во брак или сериозна врска, бидете верни бидејќи можете лесно да ја изгубите личноста која ја сакате, поради обична авантура. Тоа би значело крај. Ако сте слободни, лесно ќе се заљубувате, но треба да знаете дека тоа брзо ќе поминува. Ве очекува одлично здравје. Продолжете да се храните и да водите сметка, но не претерувајте.

Извор: Радар.мк

Scroll to Top