Концерт на Здравко Чолиќ на јубилејниот Joy fest во Крива Паланка

Балканската ѕвезда Здравко Чолиќ ќе одржи концерт на јубилејното десетто издание на музичкиот фестивал Joy fest кој ќе се одржи во Крива Паланка. Пејачот ќе настапи на 27 и 28 август, а Кривопаланчани велат дека со нетрпение го очекуваат, затоа што ова е првпат како ќе пее во нивниот град.

„Секогаш е убаво кога ни доаѓаат гости од надвор. Со години уживаме во нивната музика на Joy fest. Тоа некако ни доаѓа како круна на летото, бидејќи по фестивалот за неколку дена почнува училишната година. Но, овој пат е посебно, бидејќи нема кој не го сака Чола и не сака да ги слушне неговите безвременски хитови, но и да го видиме во живо“, велат жителите на Крива Паланка.

Чолиќ на концертот ќе дојде со цела продукција, која брои повеќе од 40 луѓе. Концертот ќе се одржи на 28 август на градскиот стадион, а влезот ќе биде слободен.

За потсетување, Joy fest важи за еден од најдобрите музички фестивали. Досега на сцената имаат продефилирано многу познати музички имиња и од дома и од странство, а оваа година фестивалот го слави десеттиот роденден.

Scroll to Top