Курц е најмладиот премиер во историјата

Со 31 година, Себастијан Курц стана најмладиот претседател на владата не само во историјата на Австрија, туку воопшто во светот.

Досега најмлад австриски канцелар беше Леополд Фигл, кој во 1945 година, положи заклетва на 43 години.

Доколку Курц го задржи местото на канцелар догодина, Фигл кој дојде на таа функција, повторно би влегол во аналите на историјата, овој пат како шеф на владата со најдолг стаж од Втората светска војна.

Во моментов рекордот по должина на стаж како канцелар го држи Бруно Крајски, кој од април 1970 година, до мај 1983 година беше на чело на австриската влада.

Крајски, кога за прв пат положи заклетва, имаше 59 години.

Откако Курц ќе ја положи заклетвата, канцеларот во заминување Кристијан Керн ќе влезе во аналите на историјата како шеф на влада со најкраток стаж од година и шест месеци.

Пред него на местото канцелар со најкраток стаж се наоѓа Алфред Гузенбауер, кој на чело на владата мина година и 11 месеци.

Курц успеа да направи нешто, што во последните децнии Народната партија (OVP) на чие чело е самиот тој, не успеала да се избори.

 

Тој после Волфганг Шисел е вториот канцелар од редовите на (ОVP) од 1970 година.

Претходно, односно од 1945 година, во четири наврати (ОVP) поставува канцелар, но потоа од 1970 година, сите седум шефови на влада ги поставува Социјалдемократската партија (SPO).

Scroll to Top