Еден корисник на „Редит“ направи графикон кој емпириски докажува дека актерот Леонардо ди Каприо (44) не само што не сака да се ожени, туку категорично одбива да биде во врска со жена постара од 25 години.
Исто така, речиси и не постои жена со која не се забавувал, а да не била модел по можност русокоса.
Ди Каприо е човек кој има свој тип на жена. И таа, судејќи по сè, не смее да има ниту брчка од смеење.
Лео е познат по дружењето со интелектуалци во слободно време, спасување на животната средина и лобирање за политички цели, а на премиерите и натаму ја води својата мајка Ирмелин Инденбиркен (76).
За неа вели дека е „најголемото чудо од жена”. А за концептот на бракот или децата не сака ни да размислува.
Графиконот покажува дека тој беше во врска со познатата моделка Жизел Бундхен (38) од нејзината 18 до 23 година. Денес таа е сопруга на спортистот Том Брејди (41). Ди Каприо имаше 25 години кога беа во врска.
По Жизел, Лео на 31-годишна возраст се забавуваше со 20-годишната израелска моделка Бар Рафаели (33). Таа врска траеше речиси шест години, до нејзиниот 25-ти роденден, кога ја запозна 25-годишната Блејк Лајвли (31).
Потоа се забавуваше со Ерин Хитертон и многу други кои немаа повеќе од 25 години.
Сега тој е со аргентинската моделка и актерка Камила Мороне (21), која ја запознал кога имала 20 години и заедно се две години.. Таа е исто така првата бринета со која одеше.
https://www.instagram.com/p/BxvsBFegRR8/