Мајкл Џордан: Одвратен тип, ќе си речат луѓето кога ќе го видат новиот документарец за мене

By

Легендарната кошаркарска НБА ѕвезда Мајкл Џефри Џордан го коментираше новиот документарец кој ќе излезе за него и вели дека луѓето кога ќе го погледнат ќе помислат дека станува збор за одвратен човек.

Тој вели дека не е сигурен дека луѓето во документарецот ќе разберат зошто се однесувал така како што се однесувал со другите, зошто им говорел работи на соиграчите кои не смеел да им ги зборува.

„Кога ќе го погледнат документарецот луѓето ќе си помислат дека сум одвратен тип“, вели Мајкл Џордан, за The Athletic.

Во ноќта меѓу понеделникот и вторникот ќе се емтиува првата од десетте епизоди од серијата The Last Dance, „Последниот танц“, а станува збор за документарец направен за шестатат титула која во 1998 година, ја освои Мајкл Џордан со неговиот тим „Чикаго Булс“.

„ЕСПН“ сезоната ја сними со преку 10 илјади часови материјали. Земени се моменти од Џордан, Пипен, Родман и Кукоч. Во нивниот последен шампионски танц. Камерата го снимила секој чекор на Џордан кој претставува како абнормално, болесно компетитивен.

Tаа 1997/98 Мајкл Џордан имаше еден соиграч за кој никој не знаеше од каков материјал е изработен.

„Кога ќе видите како го третирав Скот Бурел, ќе мислите дека сум ужасна личност. Но, мора да сватите дека нас таа година не чекаа во плејофот „Њујорк Никс“, „Индијана Пејсерс“, „Мајами Хит“. Морав да знам со кого ќе идам на тие натпревари, дали човекот е доволно цврст, може ли да сметам на него кога ќе стане сериозна ситуацијата, кога титулата ќе биде во прашање. Затоа на тренинзите се однесував онака како што луѓето ќе видат во документарецот“, изјавил Џордан.

„Ако му дозволите, ќе ве јава до Месечината и назад“, изјавил еднаш Хорас Грант објаснувајќи ја опсесивната потреба на Џордан за победa, која како животински нагон го терала и него и сите околу него да ги турка до крајните физички граници и ментална и емотивна издржливост.

Светот ниту пред ниту потоа не виде чудо како што беше Мајкл Џефри Џордан. Најголемиот засекогаш. За сите времиња. Убавите дискусии на оваа тема ги имаше и ќе ги има, не само за тоа дали тој е најголемиот кошаркар, туку и можеби најдобриот спортист во историјата.

Мајкл Џордан има освоено шест НБА финалиња, шест НБА титули. МВП трофеј во секое од тие шест финалиња. Секоја од тие финални серии беше негова.

Бил Расел има освоено повеќе, Карим Абдул Џабар има забиено повеќе, Леброн Џејмс е поголема мрша од него, Вилт Чемберлејн изгледаше како професионалец меѓу студентите, Меџик Џонсон можеше да игра на сите пет позиции, Коби Брајант беше најсличниот на оној кој може да лета. И сите овие се легитимни конкуренти.

Џордан на еден од тренинзите на неговиот согирач Стив Кер силно му ја потегнал раката. Меџик Џонсон го прогонувал по тренинзите во Монте Карло, за време на подготовките на „Дрим тимот“ за Олимписките игри во Барселона во 1992 година.

„Натпреварот во кој го предадов железото и тронот, ќе се раскажува по Меџик. Најдобриот натпревар во кој некогаш сум играл“, изјавил Џордан.

Џордан се приетува на десетмината во тимот. Пипен, Меџик, Баркли, Стоктон, Евинг, Робинсон, Мелоун, Мулин, Дрекслер и Лери Брд кој повеќе време лежеше покрај паркетот поради проблемите со грбот.

„Гледаше ѝ се смешкаше“, вели Џордан.

„Влогот беше јасен. Два капитени ги бираа играчите. На тренинг играа десетмина. Тимот на Џордан против тимот на Меџик, но всушност беше Џордан против Меџик. Ќе ги добиевме во прво полувреме, но во второто ќе не разбија“, се присетува Меџик Џонсон и додава дека понекогаш на тренинзите атмосферата била до тој степен зоврина , што можело да дојде и до тепачка.

„Кога ќе завршевме со тренингот, се враќавме во хотелот и ќе отспиевме. Ќе отидевме на вечера и ќе се вратевме во собите. Часови и часови минаа од тренинзи и натпревари. Се сеќавам кога со Брд ќе седевме на балконот и ќе ги испружевме нозете на оградата. Бевме целосно опуштени“, се присетува Џонсон.

Тој се присетува дека Џордан ќе дошол до нив, ќе клекнел и ќе ги прегрнел и двајцата.

„Дечки, да не дојде до забуна. Во градот доаѓа нов шериф“, им кажал Џордан на Џонсон и Брд.

„Таман кога ќе се фатев да се поздравам и да станам и да му кажам што мислам во лице, Лери ме потапша по коленото. Се насмеа и ми кажа. Пријателе смири се. Дечкото има право. Ќе почневме да се смееме сите заедно. И вистина беше. НБА доби нов шериф. Најдобриот кошаркар кој светот некогаш го имаше видено“, се присетува Меџик Џонсон на таа епската 1992 година, во која „Дрим тимот“ на САД, во финалето на Олимписките игри ја победи Хрватска со неповторливите Дражен, Кукоч, Раџа, Вранковиќ и Комазец.

Првата епизода на документарецот „Последниот танц“ ќе се емитува во три часот по полниќ на „ЕСПН“, а во Европа на „Нетфликс“.

Две децении и две години старата спортска приказна, со нетрпение ја чекаат повеќе од десетина милиони фанови ширум планетата. Само еден главен јунак може да предизвика таков ефект, велат спортските експерти. Тоа е феноменот Мајкл Џефри Џордан.

 

 

 

 

 

 

Ќе ви се допадне