Македонец е заслужен за трансферот на Ибрахимовиќ во ЛА галакси

By

Златан Ибрахимовиќ, или популарниот „Ибра кадабра“, како што го нарекуваат голем број фанови, се сели преку барата во МЛС лигата, во тимот на ЛА галакси, а за тоа најзаслужен е Македонецот Јован Кировски.

Кировски, кој е поранешен фудбалер на Манчестер јунајтед и Борусија Дортмунд, е дел од управата на американскиот фудбалски тим и засега успешно ја извршува директорската функција.

Тој е роден во САД, но потекнува од Македонија. Неговите родители се од Македонија, а Кировски беше дел од Манчестер јунајтед во периодот од 1992 до 1996 година. Потоа кариерата ја продолжува во Борусија Дортмунд, откако не успеа да ги придобие симпатиите кај стариот лисец сер Алекс Фергусон.

Кировски го заработи медалот од Лигата на шампионите уште во првата сезона, но, сепак, своите квалитети повеќе ги покажа во менаџерските води.

Токму Кировски, кој допатува заедно со Златан Ибрахимовиќ од Англија во САД, беа дочекани и од Дејвид Бекам, кој е голем пријател со Кировски и заедно тројцата отпатуваа на вечера во еден од елитните ресторани во градот.

„Во ЛА галакси ме почитуваат бидејќи сум бил дел од Манчестер јунајтед, знаат и дека сум играл во Лигата на шампионите. Работа ми е да им ги кажам сите позитивни и негативни работи, а одлуката на крајот ја носат газдите“, вели Кировски.

Првично Кировски беше одбиен од Ибрахимовиќ во периодот кога од ПСЖ премина во Првично Кировски беше одбиен од Ибрахимовиќ во периодот кога од ПСЖ премина во „црвените ѓаволи“, но тоа не беше доволно за Македонецот да се откаже од услугите на шведскиот фудбалер.

„Во сиот тој период јас константно бев во контакт со него. Без разлика дали се среќавав лично или разговарав по телефон, му кажував колку го сакаме и од колкаво значење би бил за нашиот тим. Искрено, ретко кој веруваше дека ова ќе се случи, но одеднаш работите станаа многу реални. Не е лесно да се потпише договор со толкава ѕвезда, но ете – ние успеавме“, горд е Кировски на овој мегатрансфер.

 

Ќе ви се допадне