Македонскиот зелник помеѓу 50-те најдобри печива во светот според „Тејст атлас“

Македонскиот зелник се најде на листата за најдобро оценети печива во светот од Светската енциклопедија на традиционални јадења „Тејст Атлас“.

Во првите 20 традиционални јадењеа од нашите соседеи се најде бугарската баница со сирење, босанскиот бурек и зељаница, хрватскиот бурек со сирење, грчката бугаца, турската баклава, „Газијантеп“ баклавата.

„Зелник е традиционална македонска пита која може да биде полнета со разни состојки, како што се сирење, спанаќ, јајца, месо, праз или зелка. За најдобри резултати, зелникот треба да се премачка со путер и масло пред печењето, за питата да добие златно-кафеава боја. Зелникот е најдобар кога се служи топол, а се препорачува да се јаде во комбинација со чаша јогурт“, се наведува во описот за македонскиот зелник.

Просечната оценка за можеби една од најпрепознатливите македонски закуски е 4,4 од 5.

Scroll to Top