Манчестер јунајтед го бара детето на кое Жозе Мурињо му го подари сребрениот медал по завршувањето на Суперкупот. „Дали некој го познава среќниот добитник? Ве молиме контактирајте нè!“ пишува на официјалната фејсбук-страница на Манчестер јунајтед. „Врвен гест од Жозе, што медалот од УЕФА Суперкупот го подари на млад навивач!“ стои напишано на страницата на Манчестер.
По завршувањето на натпреварот со Реал, на кој играчите на Мурињо изгубија со резултат 2:1, тренерот дојде до трибината со навивачите на Манчестер јунајтед и го подари медалот на дете во публиката. По ова, на пресот во Скопје Мурињо изјави: „Кога ќе победам понекогаш ги чувам медалот, па можете да замислите што правам кога ќе загубам’’. Тој рече дека медалот ќе го стави некаде во својата куќа, а детето облечено во дресот на Манчестер никогаш нема да го заборави.