Меган Маркл се прошета во есенски стајлинг и антистрес лепенка на раката

Додека принцот Хари овие денови е во Јапонија поради работа, неговата сопруга Меган Маркл е забележана во есенски стајлинг недалеку од нејзиниот дом во Монтесито.

Не е тајна, дека Меган сака да носи луксузни парчиња, но она што ги загрижи многу обожаватели е токму она што го има на левата рака. Таа носи необична сино-бела налепница.

Станува збор за производот NuCalm Biosignal Processing Disc – алатка која треба да помогне во ублажување на стресот и подобрување на квалитетот на сонот, пренесуваат странските медиуми.

NuCalm го опишува дискот како далечински управувач за мозокот, а тоа се налепници за еднократна употреба кои доаѓаат во пакувања од 20 или 100 парчиња.

Секој диск за обработка на биосигнал содржи шеми на електромагнетна фреквенција на GABA за да испорача чист биосигнал до вашето тело – стои на страниците на производот.

Дискот се користи во комбинација со апликацијата, а првенствено е насочен кон намалување на стресот и подобро спиење без користење таблети. Тоа е релативно нова технологија што ја користат американската војска и спортски тимови, но се користи и во медицинските терапии.

Неодамна протекоа вести дека подкастот „Архетипи“ на Меган бил отфрлен од сопствениците на Spotify, а имаше гласини дека таа повторно ќе го лансира својот блог. Таа и Хари се обидуваат да заработат пари на сите начини имајќи предвид дека кралското семејство повеќе не ги финансира откако ја напуштија Англија.

Scroll to Top