Мерт Рамазан Демир од серијата „Женкарот“ еден од најзгодните турски актери

Турскиот актер Мерт Рамазан Демир кој стекна голема популарност по серијата „Женкарот“ која руши рекорди на гледаност во Турција, стана омилен актер и на македонската публика.

Тој во моментов е популарен и по серијата „Сахмаран“ која се емитува на Нетфликс.

Серијата „Женкарот“ или „Јали Чапкини“ започна со емитување на новата сезона има се поголем број гледачи. Турски актер е роден во 1998 година, а на екраните се појавува пред околу две години. Неговата прва улога беше во телевизиската серијата „Циплак“ во 2020 година. Истата година Мерт се појави и во серијата „Огретмен“.

По овие две телевизиски појавувања на актерот, тој бил ангажиран од две дигитални платформи. За Exxen ја сними серијата Олум Замани за домашната турска платформа, а филмот НЛО за дигиталната платформа Нетфликс.

Неговата последна улога, ликот на Ферит во ТВ серијата Јали Чапкини му донесе голема популарност. Она што ја издвојува оваа серија е тоа што привлекува внимание и во Турција и во странство. А со тоа, се зголеми и бројот на фанови кои Мерт Рамазан Демир ги има низ светот.

Мерт Рамазан Демир е роден во 1998 година во Истанбул. Студирал во Dialog Lecture Communication и Michelle Danner Acting Studio. Тој имаше главна улога со Дамла Сонмез, Кансу Тосун и Ушан Чакир во „Јас сум ти“ во режија на Соња Насери Кол, првиот филм во кој тој глумеше на големото платно.

Како најмлад од 5 браќа, пораснал во селото Шиле, Истанбул. Мајка му е домаќинка, а татко му трговец. Тој на село живеел во Шиле до крајот на средното училиште. Кога имал 17 години живеел со својот постар брат кој студирал на универзитетот во Денизли и играл во театарски претстави.

 

Scroll to Top